Само 5% од пациентите со мозочен удар и пареза и спастичност на раката ја враќаат назад корисната функција, а изгледите за целосно закрепнување по 3 месеци се занемарливи.
Во зависност од локализацијата на лезијата, мозочниот удар погодува различни мускулни групи.
Иако мозочниот удар е една од најчестите причини за спастичност, другите повреди на мозокот исто така може да резултираат со спастична поза на рацете.
Комбинацијата на засегнати спастични мускули ја ограничува погодената рака во специфична поза или шаблон на движење, при што може да се разликуваат 5 типични облици спастичност на раката.
Кај кои болести се користи роботска рехабилитација?
- После мозочни удари
- Мултиплекс склероза
- Паркинсон
- Церебрална парализа
- Парези или парализи на горни екстремитети
- Поради повреди на периферни нерви
- Повреди и рехабилитација после скршеници на шака, подлактица како и
- Повреди и операции на рамо
Можеме да ја следиме рехабилитацијата со тек на времето и какви резултати ќе добиеме при изведување на вежбите.
Вежбите се интерактивни, се користи мозокот бидејќи се бара да се изведе некоја задача. Не се вежба само движење од една страна туку се вежба соодветниот екстремитет и мозокот од другата страна.
Ако не се изведува соодветно вежбата нема да даде да се помине на следно ниво.
Се следи и времето на движење како и начинот на изведување на соодветното движење.
Соодветно има и виртуелна реалност преку еден вид на игри, всушност имитираме секојдневни активности.
Се прави проценка на движењето на пациентот и компјутерскиот софтвер се приспособува соодветно на самиот пациент и воедно се приспособува на подобреното и ново движење.
Со што ја надминува оваа роботска рехабилитација класичната рехабилитација?
3 пати подобри резултати споредбено со класичната физикална терапија.
Функционалната корист од бројните моментално достапни третмани за спастичноста на горните екстремитети после мозочен удар, докажана е мала.
Фармаколошките агенси ги вклучуваат оние кои делуваат врз протокот на јони во централниот нервен систем (на пример, баклофен, диазепам, орфенадрин цитрат) и мускулатурата (на пример, дантролен). Сепак, овие соединенија се релативно неселективни, најчесто предизвикувајќи бројни несакани реакции во отсуство на каква и да било значајна ефикасност.