Терапијата со сопствена плазма збогатена со тромбоцити (platelet-rich plasma или PRP) е не-хируршка метода во ортопедијата, при која се користи сопствената крв за да се поправат оштетените ‘рскавици, тетиви, лигаменти, мускули, па дури и коски.
Се користи мала количина сопствена крв, која потоа се става во центрифуга и се врти со цел да се одделат тромбоцитите и плазмата од останатите составни елементи на крвта. Тромбоцитите содржат многу клучни фактори за раст кои можат да го стимулираат размножувањето на клетките, синтезата на колаген и регенерацијата на ткива. Откако плазмата и тромбоцитите ќе се одделат од остатокот на крвта, тие се инјектираат најчесто во зглобот на коленото, но исто така може да се инјектираат и во други болни зглобови.
Цели на PRP терапијата
- Ублажување на болката
- Подобрена функција на зглобот
- Забавување, сопирање, па дури и поправка на оштетувањата во зглобната ‘рскавица
Како всушност делува PRP терапијата?
- Смирува воспаление и забавува напредок на остеоартитот
- Стимулира создавање нова ‘рскавица
- Зголемува производство на природна течност за подмачкување на зглобовите, спречувајќи го внатрешното триење
- Содржи протеини кои ја ублажуваат болката преку директно дејство на рецепторите за болка
Дали PRP инјекциите се ефикасни?
- 85.7% од пациентите ја одложуваат операцијата за целосна замена на коленото за 5 години
- 60% од пациентите имаат значително ублажување на болката (разни студии пријавуваат и 70-85% од пациентите
- несаканите ефекти се далеку помали во споредба со на пр. кортикостероидни инјекции
Подобрувањето почнува веднаш откако ќе се заврши процедурата и продолжува до полн ефект за време од 3 месеци. Комплетниот ефект од третманот може да трае и повеќе од 1 година.