Рехабилитацијата е клучна за спортистите да се опорават од повредите и да се вратат во игра. Дознајте кои се вообичаените спортски повреди, како да го забрзате закрепнувањето и улогата на физикална терапија во превенцијата од повреди.
Цервикалната спондилоза е честа состојба која ги зафаќа вратот и ‘рбетниот столб како што старееме. Симптомите вклучуваат болка во вратот, главоболки, пецкање, вкочанетост и слабост во рацете/дланките. Иако нема лек, третманите како што се физикална терапија, лекови против болки и хирургија можат да помогнат. За да го намалите ризикот, одржувајте здрава тежина, бидете физички активни и користете правилно држење на телото.
Кај примарниот ОА (остеоартритис) се смета дека преголемите товари предизвикуваат оштетување на инаку здравиот зглоб. Рскавицата се оштетува уште на почетокот и тоа на централни места, со мали дефекти кои се викаат фисури, како и поголеми микрофисури односно пукнатини. Постепено тие пукнатини од површината се зголемуваат и поголеми регии од зглобот остануваат без рскавица, а притисокот се пренесува врз субхондралната коска. Промените се на места каде што има најголемо оптоварување. Доаѓа до стврднување на коската и формирање на остеофити (шилци) – маргинални или централни, а во самата коска можат да се создадат празнини – цисти.
Повеќето мускуло-скелетни повреди се не-хируршки, така што сѐ освен скршеници може да се третира во специјалистичка амбуланта по физикална медицина и рехабилитација, вклучително и дијагностика на нервни болки. Специјалистот физијатар најдобро разбира од каде доаѓа болката и кој е најдобриот начин за нејзино третирање. Тој ќе понуди најминимално-инвазивни и најконзервативни можности за ублажување на болката. Првото нешто кое специјалистот за болка ќе го направи е подобро да ја разбере Вашата болка. Третманот на мускуло-скелетната болка е ефикасен само ако дијагнозата е точна.
Само 5% од пациентите со мозочен удар и пареза и спастичност на раката ја враќаат назад корисната функција, а изгледите за целосно закрепнување по 3 месеци се занемарливи. Роботската рехабилитација дава 3 пати подобри резултати споредбено со класичната физикална терапија.
Терапијата со сопствена плазма збогатена со тромбоцити (platelet-rich plasma или PRP) е не-хируршка метода во ортопедијата, при која се користи сопствената крв за да се поправат оштетените ‘рскавици, тетиви, лигаменти, мускули, па дури и коски.
Инјекциите со хијалуронска киселина се користат за третман на болки во колената предизвикани од остеоартрит кај пациенти кои веќе биле третирани со аналгетици (лекови против болка) или претходните третмани не биле до крај успешни.
Повеќето докази за временските услови кои влијаат на болките во грбот се анегдотски; научно, нема многу докази кои ги поврзуваат температурните промени со болките во грбот. Наместо тоа, научниците почнуваат да наоѓаат врски помеѓу промените во барометрискиот притисок и болката.
Спастичноста може да се појави кога се оштетени нервните клетки кои пренесуваат пораки од мозокот до различни делови од телото.
Дискусот се состои од 10 до 15 фиброзни прстени (annulus fibrosus) во кои се наоѓа желатинозна маса (nucleus pulposus). При преголемо или неправилно оптоварување доаѓа до руптура/кинење на фиброзните прстени и доаѓа до истекување на таа желатинозна маса во спиналниот канал каде најчесто врши притискање на радиксот/коренот на нервот. Тој притисок кој истечениот диск го врши врз коренот на нервот се чувствува како трпнење или болка на ногата која достигнува до прстите, ако станува збор за лумбална (крстна) дискус хернија или трпнење или болка во раката, ако станува збор за цервикална (вратна) дискус хернија.