Заради општото стареење на популацијата, бројот на лица со мускуло-скелетни заболувања е во постојан пораст. Речиси 1/4 од населението кај нас има некаква мускуло-скелетна болест. Од симптомите, најчеста е болка во долниот дел од грбот.
Мускуло-скелетните заболувања значително ја ограничуваат подвижноста, што предизвикува намален квалитет на животот и спречува активно учество во општеството. Типичен симптом на сите овие заболувања е болката (најчесто хронична).
Повеќето мускуло-скелетни повреди се не-хируршки, така што сѐ освен скршеници може да се третира во специјалистичка амбуланта по физикална медицина и рехабилитација, вклучително и дијагностика на нервни болки. Специјалистот физијатар најдобро разбира од каде доаѓа болката и кој е најдобриот начин за нејзино третирање. Тој ќе понуди најминимално-инвазивни и најконзервативни можности за ублажување на болката. Првото нешто кое специјалистот за болка ќе го направи е подобро да ја разбере Вашата болка. Третманот на мускуло-скелетната болка е ефикасен само ако дијагнозата е точна.
Дегенеративните заболувања можат да се поделат во две големи групи:
- Дегенеративни заболувања на зглобовите – артрози (остеоартрити).
- Дегенеративните заболувања на ‘рбетниот столб и синдроми кои потекуваат од него.
Артрози (остеоартрити)
Артритот претставува најчесто мускулно-скелетно заболување и 9-та најчеста причина за телесна онеспособеност. Зачестеноста на ова заболување се зголемува и ќе продолжи да се зголемува како што се продолжува животниот век и сѐ поголемата епидемија на зголемена телесна тежина. Главните симптоми на артрит се болка и вкочанетост на зглобовите, кои вообичаено со влошуваат со годините.
Потребно е да се направи разлика меѓу 2-та најчести вида артрит: остеоартрит и ревматоиден артрит. Остеоартрит предизвикува дегенерација (постепено распаѓање) на зглобната ‘рскавица. Остеоартритот е поврзан со возраста, но и со бројни други ризик-фактори како што се: дебелината, намалената физичка активност, генетската предиспозиција, густината на коските, повредите и полот. Ревматоидниот артрит е заболување кај кое сопствениот имунолошки систем ги напаѓа и оштетува зглобовите.
Остеоартрит е најчеста болест на зглобовите во светот. Симптоматски остеоартрит се појавува кај 10% од мажите и 13% од жените постари од 60 години. Бројот на лица кои страдаат од оваа болест постојано се зголемува, заради продолжениот животен век и епидемијата на дебелина.
- Гонартроза (остеоартрит на колено)
- Коксартроза (остеоартрит на колк)
- Бекерови цисти
- Калцификати (шилци)
Дегенеративните заболувања на ‘рбетниот столб
Функционалната единица пршлени со диск трпи големо механичко оптоварување, особено лумбалниот и цервикалниот дел кои се најподвижни и таму е најголемото оптоварување.
Се проценува дека болката во грбот е причина за 45% од сите посети на физијатрија и е една од најскапите повреди за лекување. Преваленцата на лумбална радикулопатија е поголема кај мажите отколку кај жените, која се јавува кај 2% до 5% од мажите и 1% до 3% од жените. Фактори на ризик за болки во долниот дел од грбот вклучуваат професионално возење на долги релации, често кревање (особено со извртување), работа во тешка индустрија, траума на грбот, висок раст, пушење, прекумерна тежина, седентарен начин на живот, повеќекратна бременост кај жени, историја на болки во грбот и хронична кашлица. Факторите на животната средина се одговорни за повеќето случаи на ишијас, иако семејната историја на дискус хернија е исто така фактор на ризик.
- Цервикален синдром (спондилоза, спондилоартроза, дископатија, дискус хернија, лумбоишиалгија, главоболки, вртоглавици во зависност кој одел е зафатен)
- Лумбален синдром (спондилоза, спондилоартроза, дископатија, дискус хернија, цервико-брахијален синдром)
Зашто пациентите би избрале да ги боцкаме наместо да им дадеме таблети?
Локална примена – не се оштетува желудникот и траат подолго, со една инјекција може да имаме подобрување од 4 до 6 месеци во зависност од видот на анестетикот и кортикостероидот.
Кај кои болести се користат?
- Блокади на нерви под ултразвук
- Апликација на анестетик за релаксација на мускулите кај спазам
- Аспирација – извлекување на течност во зглобови – цисти, вода во колено итн.
- Ботулинов токсин (ботокс) кај спазам – после мозочен удар, кај спазам во вратот и за главоболки – мигрени
Интаартикуларни инјекции во самите зглобови
- Кортикостероиди или хијалуронски препарати од неколку месеци до година
- ПРП чисти или со хијалурон. ПРП (Platelet Rich Plasma) е крвна плазма богата со тромбоцити, која со години се користи во медицината заради силниот ефект на регенерација и заздравување на ткиво
- Апликација на матични клетки
- Геникуларни инјекции
Поголемиот дел од пациентите (70% до 80%) доживуваат подобрување на болката и инвалидноста во рок од 4 до 6 недели со релативен одмор и модификација на активноста, а само 1% до 10% од пациентите ќе имаат потреба од операција. Менаџментот за рехабилитација нагласува враќање на активноста. Често се користат терапија со магнетно поле, ултра звучна терапија, ласер терапија, терапија со инфра црвена светлина, електро терапија. Хроничната болка, исто така, може да се третира со комплементарни и алтернативни модалитети, како што се кинези терапија и мануелна масажа.
Едукацијата за механика на телото, истегнување, зајакнување и аеробни вежби се меѓу најчесто препорачуваните програми за домашно лекување. Вежбањето за стабилизирање на трупот, како и зајакнувањето на горниот и долниот дел од телото и зголемената флексибилност се исклучително корисни.