Повеќето мускуло-скелетни повреди се не-хируршки, така што сѐ освен скршеници може да се третира во специјалистичка амбуланта по физикална медицина и рехабилитација, вклучително и дијагностика на нервни болки. Специјалистот физијатар најдобро разбира од каде доаѓа болката и кој е најдобриот начин за нејзино третирање. Тој ќе понуди најминимално-инвазивни и најконзервативни можности за ублажување на болката. Првото нешто кое специјалистот за болка ќе го направи е подобро да ја разбере Вашата болка. Третманот на мускуло-скелетната болка е ефикасен само ако дијагнозата е точна.
Само 5% од пациентите со мозочен удар и пареза и спастичност на раката ја враќаат назад корисната функција, а изгледите за целосно закрепнување по 3 месеци се занемарливи. Роботската рехабилитација дава 3 пати подобри резултати споредбено со класичната физикална терапија.