Инјекциите со хијалуронска киселина се користат за третман на болки во колената предизвикани од остеоартрит кај пациенти кои веќе биле третирани со аналгетици (лекови против болка) или претходните третмани не биле до крај успешни.
Хијалуронска киселина се дава како исхрана на ‘рскавицата од зглобовите, за подмачкување на зглобните површини и намалување на механичкото триење во зглобот.
Хијалуронската киселина е природна супстанца која нормално се наоѓа во зглобовите и дејствува како подмачкувач и ублажувач на удари во зглобовите, со што помага за нивното правилно функционирање. Кај остеоартрит, количината на хијалуронска киселина во засегнатите зглобови се намалува и се препорачува надополнување преку т.н. “вискосуплементација”, што буквално значи инјектирање хијалуронска киселина во зглобовите.
По инјекцијата, сѐ што треба да внимавате е да не кревате или носите тешки товари, инаку може веднаш да се вратите на нормалните секојдневни активности.
Полезните ефекти од инјекциите со хијалуронска киселина се многубројни:
Ублажувањето на болката во зглобот: не е моментално, започнува околу 4-тата седмица по првата инјекција и трае од 2 до 6 месеци. Редовните инјекции може да го продолжат олеснувањето на симптомите и до 3 години, односно да ја одложат операцијата за целосна замена на коленото.
Подмачкување на зглобот: го смалува триењето, ги ублажува болката и вкочанетоста.
Против-воспалителен ефект: ублажување на болката, смирување на воспалението и смалување на отокот.
- Помага за заштита на постоечката и стимулира раст на нова зглобна ‘рскавица.
- Ја зајакнува постоечката коска така што влијае директно на коскената структура, со што го олеснува притисокот врз зглобната ‘рскавица.
- Го поттикнува телото самото да почне да создава хијалуронска киселина, со што се зголемува нејзината количина во зглобовите.