Кај примарниот ОА (остеоартритис) се смета дека преголемите товари предизвикуваат оштетување на инаку здравиот зглоб. Рскавицата се оштетува уште на почетокот и тоа на централни места, со мали дефекти кои се викаат фисури, како и поголеми микрофисури односно пукнатини. Постепено тие пукнатини од површината се зголемуваат и поголеми регии од зглобот остануваат без рскавица, а притисокот се пренесува врз субхондралната коска. Промените се на места каде што има најголемо оптоварување. Доаѓа до стврднување на коската и формирање на остеофити (шилци) – маргинални или централни, а во самата коска можат да се создадат празнини – цисти.
Инјекциите со хијалуронска киселина се користат за третман на болки во колената предизвикани од остеоартрит кај пациенти кои веќе биле третирани со аналгетици (лекови против болка) или претходните третмани не биле до крај успешни.