Дискусот се состои од 10 до 15 фиброзни прстени (annulus fibrosus) во кои се наоѓа желатинозна маса (nucleus pulposus). При преголемо или неправилно оптоварување доаѓа до руптура/кинење на фиброзните прстени и доаѓа до истекување на таа желатинозна маса во спиналниот канал каде најчесто врши притискање на радиксот/коренот на нервот. Тој притисок кој истечениот диск го врши врз коренот на нервот се чувствува како трпнење или болка на ногата која достигнува до прстите, ако станува збор за лумбална (крстна) дискус хернија или трпнење или болка во раката, ако станува збор за цервикална (вратна) дискус хернија.