Апликација на медикаменти со помош на инјекции кај мускулно-скелетни болести

Повеќето мускуло-скелетни повреди се не-хируршки, така што сѐ освен скршеници може да се третира во специјалистичка амбуланта по физикална медицина и рехабилитација, вклучително и дијагностика на нервни болки. Специјалистот физијатар најдобро разбира од каде доаѓа болката и кој е најдобриот начин за нејзино третирање. Тој ќе понуди најминимално-инвазивни и најконзервативни можности за ублажување на болката. Првото нешто кое специјалистот за болка ќе го направи е подобро да ја разбере Вашата болка. Третманот на мускуло-скелетната болка е ефикасен само ако дијагнозата е точна.