Остеопороза е доминантно метаболно заболување на коските и претставува голем здравствен и социјален проблем. Асимптомна болест која не јавува симптоми, освен можеби намалување на височината на пациентите и појава на ‘грбка’ на грбот (торакалниот дел). Таа претставува намалување на густината на коските, која може да доведе до кршење (фрактури) на истите и тоа при помали оптоварувања односно при вршење на секојдневни активности.