Loading...

Апарати

Електротерапија

Во оваа терапија спаѓаат различни видови модалитети на електрична струја. Користејќи ги добиваме различни ефекти и резулати во лекувањето.
Видови електротерапии:
- Галванска струја –еднонасочна струја
- Електрофореза-внесување на лекови во организмот со помош на еднонасочна константна струја
- Диадинамски струи
- Интерферентни–среднофрекфентни струи
- ТЕНС-Транскутана електрична нервна стимулација
- Електростимулации на денервирани мускули

Ултразвук (Сонотерапија)

Делува на самата болка ,ја намалува болката,се резорбираат отоци,стимулира создавање на калус кај фрактури,го намалува мускулниот спазам,помага на зараснување на ткивата особено на тетивите.
Се користи физичкото и биофизичкото дејство на ултразвукот.
Механичкото дејство –микромасажа на ткивата на клеточно и субклеточно ниво.
Топлинскот дејство –зголемување на температурата на локалното ткиво кое се третира.
Сонофореза -Воведување на лекарства со помош на оваа метода локално во третираните ткива.
Субаквална апликација- подоводно аплицирање.

Магнетотерапија

Примена на различни магнетни полиња кои даваат различни терапеписки ефекти .Може да се применува и кај инпланти од различен матерјал (метал,керамика) Делува nа зголемување на парцијалниот притисок на кислородот што е особено важно кај ткива кои се исхрануваат преку дифузија како што е дискусот –дискус хернии.
Стимулира создавање на калус-после фрактури,но може да се дава и во фаза на носење на гипс.
Остеопороза -ја зајакнува коската.
Регенерација на периферни нерви.
Регенерација на ткива –рани
Антивоспалително
Аналгетски

Triton DTS

Со оваа декомпресија доаѓа до отварање на интервертебалните простори (меѓупршленски) од 1-3 мм со што се создава негативен притисок и дискусот се вовлекува навратре со што врши ослободување на медула спиналис и радиксите (корените на нервите) кои создаваат болка долж ногата или раката.Со тоа ослоободување доаѓа до повлекување на хернијата од дискот со што се намалува а потоа доаѓа до комплетно исчезнување на болката како и комплетно неоперативно решавање на проблемот(дискус хернија).

Dr Q -термална масажа

Mасажа за корекција на рбетен столб кој може да биде комбиниран со истегнување на рбетниот столб со подесување на агол до45 степени на самиот апарат ,кој ја користи сопствената тежина .
Овој апарат содржи и инфрацрвени зрации кои досгигааат до темпертаура до 65 степени целзусови што дополнително делува на релаксација на мускулатурата за полесна корекција

Ласер

Аналгетско дејство -намалување на болката
Антиедематозно- намалување на отокот
Регенерација на ткивата кај заболувања ,оштетувања и лузни
Light Amplificason by Stimulated Emission of Radiation –Засилување на светлината со помош на стимулирана емисија на зрачење
Тераписки ласери: располагаме со два вида ласери со различна бранова должина соодветно и различна длабочина на пенетрација.
Антивоспалително дејство

Хидротерапија

Хидротерапија е надворешна примена на водае најдревна терапија.Дејството на водата е термичко,механичко ,а кај минералните води во зависност од видот на минерализација на водата е и хемиско дејство. Дејстовто на хидротерапија делува на мускулнискелентни заболувања, невролошки, ревматолошки, респираторни и уреогенитални.

АМСАТ

Функционална дијагностика на сосотојбата на човековиот организам,каде што се прави проценка на квалитативниот и квантитаивниот индекс,ниво на адаптациски способности на организмот,како и ризикот за органски заболувања.

Парафинотерпија

Се користи медициннски парафин
Делува на :
- Намалување на оток
- Аналгетски
- Спазмолитички


Кинезитерапија

Во нашата ординација кинезитерапијата се изведува исклучиво индивидуално со искусен физиотерапевт под мониторинг на доктор.
Индивидуални вежби кај деца (сколиоза,кифоза,парези на плексус брахијалис и тортиколис-крив врат )
Видови вежби:
Активни вежби,Активно попомогнати вежби ,Пасивно потпомогнати вежби ,Пасивни вежби

Вакум

Апликација на интерферентни струи со вакум електроди.


каде доага до комбинација на дејството на вакумот со дејството на интерферентните струи.