Loading...

Новости

Дискусот се сосотои од 10 до 15 фиброзни прстени


Дискусот се состои од 10 до 15 фиброзни прстени (annulus fibrosus) во кои се наоѓа желатиноза маса (nucleus pulposus) .
При преголемо или неправилно оптеретување доаѓа до руптура/кинење на фиброзните прстени и доаѓа до истекување на таа желатинозна маса во спиналниот канал каде најчесто врши притискање на радиксот/коренот на нервот. Тој притисок кој истечениот диск го врши врз коренот на нервот се чувствува како трнење или болка на ногата која достигнува до прстите, ако станува збор за лумбална (крстна) дискус хернија или трнење или болка во раката, ако станува збор за цервикална (вратна) дискус хернија. Лумбалната дискус хернијата најчесто се јавува на ниво на Л4-Л5 и Л5–С1, додека цервикалната на ниво на Ц3-Ц3, Ц4-Ц5 и Ц5-Ц6. Дијагнозата покрај клиничките симптоми најдобро е да се постави преку магнетна резонанца, каде се визуелизира точното место и големината на хернијата. При долготрајно, а некогаш и краткотрајно, но интензивно притискање на нервот може да настане пареза или парализа на нервот која најпрецизно се одредува со електромиографија.